УНДП Работилница – Претставување на алатки за визуелизирање на податоци
UNDP

Во рамките на проектот „ Справување со загадувањето на воздухот“[1] на 4 септември 2023 се одржа работилница со пет граѓански организации кои се пред селектирани во рамки на повикот за справување со загадувањето на воздухот во петте општини партнери на проектот: Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.

На работилницата главниот фокус беше ставен на претставување на алатки за визуелизирање на податоци, креативен пристап за јакнење на јавната свеста, ефикасни алатки за комуникација, интегрирање на родовите прашања во самите иницијативи итн.

Овие пет граѓански организации, по една од секоја општина, во наредниот период под менторство на двајца експерти треба да ги финализираат своите предлог проекти и да започнат со имплементација на активности кои ќе бидат насочени кон заштита на квалитетот на воздухот преку промена на однесувањето на граѓаните. Јакнењето на капацитетите на граѓанските организации ќе продолжи и во наредниот период преку организација на разни форми на обуки, но и преку директно менторство.

 

 

[1] Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Проектот го имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.

Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

 

 

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат