Светскиот самит за климатските промени (United Nations Climate Change) што се одржува во Глазгов, од 31ви Октомври до 12ти Ноември се оценува како судбински, историски, како последен обид да се спаси планетата и да се разбуди свеста во државите во светот, доколку сакаме да ги избегнеме најцрните сценарија за човештвото. Токму поради тоа, во голем дел од самиот самит, се посвети внимание на зачувување на шумите, при што вчера над 100 светски лидери ветија дека до крајот на деценијата ќе ги запрат трендовите за уништување на шумите и деградацијата на почвата. За да не останат ветувањата само ветувања, светските лидери најавија и дека целата таа акција ќе биде поддржана со 19 милијарди долари јавни и приватни средства.
Според договорот 12 земји се обврзаа да обезбедат 12 милијарди американски долари јавно финансирање меѓу 2021 и 2025 година за помош на земјите во развој, вклучувајќи напори за обнова на деградираната почва и сузбивање на пожари.
Прочитајте повеќе на Facebook page
Настанот можете да го проследите на YouTube