Товарниот транспорт и доставата во централните делови на градот може да се направат на еколошки поприфатлив начин со користење мали или средни товарни возила. Рутите за достава и распоредите може да се прилагодат така што товарниот сообраќај би причинил што е можно помали прекини. Дистрибутивните центри надвор од градот треба да бидат дел од модерниот систем за товарен транспорт. Треба да се направи прелиминарна студија со цел да се проценат можните решенија за воспоставување одржлив товарен сообраќај.
Потребно е внимателно планирање во соработка со приватните компании.
Потребно е внимателно планирање во соработка со приватните компании.
Административните трошоци за оваа мерка за градските власти опфаќаат изготвување на прелиминарна студија за изводливост (физибилити студија) која ќе содржи насоки за вршење достава надвор од периодите со сообраќаен метеж, ќе вклучи и мапи со определени рути на движење во градот за сите поголеми компании, како и набавка и поставување на сообраќајни знаци за да се означат овие рути за компаниите. Трошоците за усогласување со мерката за компаниите кои вршат превоз на стоки вклучуваат замена на возниот парк на камиони со повеќе мали возила и возила со средна големина; реорганизација на рутите за достава на стоки и изготвување распореди со цел да се овозможат поголем број на достави во периодот со намален сообраќаен метеж, потоа следење на специјално определените рути и инвестирање во изградба на дистрибутивни центри надвор од градот. Во целина овие трошоци може да бидат високи, зависно од обемот на реализација на мерката.