Пренасочување сообраќај
0%
февруари 13, 2024
Оцени ја мерката
Тип
Регулаторна
Сектор
Сообраќај
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONOxPM10PM2.5
Одговорна институција за спроведување
Општина Струмица

Пренасочување на сообраќајот од на пр. резиденцијалните области во градот кон други делови на градот надвор од ваквите области, може да се примени во ситуација кога загадувањето на воздухот е многу високо а постојат можности за изградба на нови сообраќајни врски, без притоа да се предизвикаат сериозни проблеми во новите области.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори

Веќе е земено предвид при планирањето на сообраќајните решенија.

Планирани чекори

Потребна е нова инфраструктура, која мора да постои со цел да не се појавуваат нови проблеми. 

Пренасочуваното на мерките треба да се планира заедно со мерките што се однесуваат на „паметната“ мобилност (јавен превоз итн.).

Цел
Целта е да се подобри квалитетот на воздухот во многу загадените области со пренасочување на сообраќајот по нови улици надвор од резиденцијалните области.
Индикатори за следење на имплементацијата
Одговорна институција за следење на имплементација
Сектор за сообраќај при Град Струмица
Дополнителни придобивки

Локално може да биде многу голема, меѓутоа со ова само се преселуваат загадувачките супстанции во нови области.

Период на имплементација
Долг рок на спроведување
Финансии

Административните трошоци за оваа мерка вклучуваат планирање на неопходните промени во сообраќајната мрежа и најмување градежни компании кои би ја спровеле мерката. Зависно од обемот на избраната интервенција, овие организациски трошоци би варирале од мали до умерени.

Трошоците за усогласување со мерката го покриваат финансирањето на промените на сообраќајната мрежа. Повторно, трошоците зависат од обемот на мерката, односно од големината на делот од градот што е опфатен. Генерално, инфраструктурните проекти се едни од најскапите мерки. Сепак, според заменикот раководител на секторот за сообраќај во Град Струмица, при реализацијата на неодамнешните проекти за пренасочување на сообраќајот немало потреба од изградба на нова инфраструктура, а единствените трошоци се однесувале на сообраќајните знаци.

Буџет