Поставување на топлинска изолација за училишта и градинки
0%
октомври 2, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Инвестиција
Сектор
Енергетика
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5PM10PM2
Одговорна институција за спроведување
Сектор за животната средина - Општина Гостивар

Постоечките објекти во општината во најголем дел се изградени во периодот 1950 -2010 година во кој период не се бараше објектите да имаат соодветни термички карактеристики. Во тој период објектите се градени со надворешни ѕидови со полна или шуплива цигла од двете страни премачкани со малтер. Таквиот ѕид има U вредност од 1.6-2 [W/m2K]. Поради тоа, при греењето на истите се троши големо количество енергија која пак условува голема потрошувачка на гориво. Мерката во себе содржи силна родова компонента како и компонента на ранливи категории граѓани. Со оглед на фактот што жените се во повисока стапка вклучени
во делот на образование на деца, а од друга страна децата се дефинирани како ранлива категорија во поглед на загаден воздух во и вон објектот, спроведувањето на оваа мерка ќе има силна родова и социјална димензија.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1 Решение на општина за издвојување на средства.
Чекор 2 Формирање на комисија за избор на објекти за реализација на проектот.
Чекор 3 Избор на објект/и.
Чекор 4 Подготовка на проектна документација.
Чекор 5 Изведба на објектот

Цел
ЈУОДГ „ Детска радост ЦВЕТОВИ “ - термофасада ОУ „Исмаил Кемали“ – термофасада СЕОУ„Гостивар“– термофасада СОУ „Гостивар“ - термофасада
Индикатори за следење на имплементацијата

▪ број на објекти со изведена топлинска изолација;

Одговорна институција за следење на имплементација
Сектор за животната средина - Општина Гостивар
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
1800 ден/m2 за надворешна топлинска изолација ЈУОДГ „ Детска радост ЦВЕТОВИ “ - 888.000 денари ОУ „Исмаил Кемали“ - 2.890.000 денари СЕОУ„Гостивар“– 4.465.000 денари СОУ „Гостивар“ - 2.049.000 денари