Секој транспорт на луѓе и добра е условен од растојанието меѓу почетната и крајната точка на пристигнување. Со влезот на половни автомобили од ЕУ на македонскиот пазар во 2010 година, нагло се зголеми возниот парк во државата, а истото важи и за градот Струга. Ова услови користење на возилата за секој вид на транспорт (од/до продавница, од/до училиште, од/до работа итн). Енормното користење на возилата во градот придонесе кон зголемени емисии на издувни гасови.
Чекор 1
Анализа на сообраќајот во градот, по сезони. Формирање на параметри за избор. Приоритет во планот за градење дополнителни велосипедски патеки да имаат велосипедски патеки со пристап до градинки, школи, објекти од здравствената и социјалната заштита.
Чекор 2 Формирање на тим (општинари, сообраќајни инженери) за проценка на соодветни патеки.
Чекор 3 Објавување на јавен повик за заинтересирани деловни лица за изградба.
Чекор 4 Избор на компанија и почеток на реализација.
Чекор 5 Мерење на искористеност на патеката преку соодветни параметри.
- изградени велосипедски патеки [km];