Дополнително намалување на сообраќајниот метеж: синхронизирање на семафорите и замена на семафори со кружни текови
0%
февруари 13, 2024
Оцени ја мерката
Тип
Регулаторна
Сектор
Сообраќај
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONOxPM10PM2.5
Одговорна институција за спроведување
Општина Струмица

Сообраќајот со добар проток предизвикува помалку емисии споредено со сообраќаниот проток кој во голема мера варира. Со помош на синхронизација на семафорите, кружни текови и сл. возможно е да се создаде сообраќајна средина со намален метеж. 



Прогрес на имплементација

Превземени чекори

Имплементацијата е започната со воведување на систем за управување со сообраќајот и контрола и со изградба на кружни текови на локации каде што тоа е возможно.

Планирани чекори
Цел
Целта е генерално да се намалат емисиите од сообраќајот
Индикатори за следење на имплементацијата

План за одржлива урбана мобилност

Одговорна институција за следење на имплементација
Градот Струмица
Дополнителни придобивки

Подобар проток на сообраќај и намалување на времето на патување

Период на имплементација
Имплементацијата може веднаш да започне
Финансии

Административните трошоци и трошоците за усогласување со мерката ќе паднат на товар на градските власти. Првиот тип на трошоци вклучуваат планирање на промени во системот за светлосна сигнализација за да се подобри неговата синхронизираност, како и одлука на кои точки во градот семафорите треба да се заменат со кружни текови. Ова може да го изведе постоечкиот персонал и/или надворешни консултанти, а трошоците веројатно би биле мали. Од друга страна трошоците за усогласување со мерката се значителни од аспект на прилагодување на семафорите и изградбата на кружни текови.

Буџет