Анализа на Универзитет Гоце Делчев: Греењето на огревно дрво се уште број еден загадувач
јуни 3, 2022

Согорувањето на биомаса е најголемиот поединечен извор на загадување на воздухот – ова е заклучокот на студијата која ја направи лабораторијата Амбиком при Универзитетот Гоце Делчев од Штип.

Лабораторијата при штипскиот универзитет дошла до овие сознанија како резултат на долга и сеопфатна анализа на изворите на загадувањето.

Воздухот во Скопје се мереше на пет локации и при изборот се внимаваше да бидат на соодветно место кое ќе биде репрезентативно во земањето на податоците, велат од Универзитетот.

Локации за земање примероци/рецептори во градско подрачје на Скопје

Мерењата се одвивале во текот на 2020 година и 2021.

Месечниот удел на изворите на загадување во концентрациите на PM 2,5 суспендираните честички на двете локации јасно укажуваат дека постојат високи сезонски варијации кај повеќето извори. Во текот летните месеци воопшто нема удел, но во текот на зимските месеци (ноември, декември, јануари, февруари и март) согорувањето на биомаса беше главен извор на загадување на двете локации, со просечен месечен удел помеѓу 17,41 и 45,07 μg/m3 за локацијата во Ново Лисиче и 12,16 и 30,42 μg/m3 за локацијата во Карпош, се вели во студијата.

Според анализите, сообраќајот е вториот најважен извор на загадување во дел од населбите низ Скопје, додека согорувањето на нафта и мазут и индустриските извори исто така имаат свој постојан удел во загадувањето во текот на годината.

Анализата е направена како дел од проект што е спроведен од УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје.

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат