Објавен уште еден научен труд како резултат на проектите за справување со загадувањето на воздухот
октомври 21, 2026

Како резултат на истражувачките активности реализирани во рамките на проектите „Tackling Air Pollution in the City of Skopje“ и „Scaling-up Actions to Tackle Air Pollution“, објавен е уште еден научен труд во реномираното меѓународно научно списание Environmental Pollution.
Проектите се имплементирани од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Шведска, додека истражувањето е спроведено од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во рамките на неговите проектни активности.
Научниот труд со наслов „Biomass burning drives urban PM2.5 across the Western Balkans: evidence from a six-city source apportionment study in North Macedonia“ се базира на анализа на 1195 дневни примероци на PM2.5, собрани во шест градови во Северна Македонија: Скопје, Гостивар, Струга, Струмица, Куманово и Кавадарци.
Резултатите укажуваат на значајниот придонес на согорувањето дрва за загревање на домаќинствата, како и на согорувањето биомаса и отпад на отворено, во загадувањето на урбаниот воздух, особено за време на зимските епизоди со високи концентрации на PM2.5.
Објавувањето на овој труд претставува уште еден значаен научен резултат од реализираните проектни активности, придонесувајќи кон подобро разбирање на изворите на загадување на воздухот и обезбедувајќи научна основа за развивање поефикасни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во Северна Македонија и поширокиот регион на Западен Балкан.
Посебна благодарност искажуваме до сите соработници и до локалните самоуправи на опфатените градови за поддршката при реализацијата на мониторинг-активностите.
Научниот труд е објавен со отворен пристап (Open Access) и е достапен на следниот линк: https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0269749126017094

Други содржини кои можеби ќе те интересираат