Студијата за квалитетот на воздухот во училиштата и градинките ја изработи лабораторијата АМБИКОН во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица, со финансиска поддршка од Шведска. Во директна соработка со локалните надлежни органи, во секоја од општините вклучени во проектот беа избрани по едно училиште и по една градинка.
Дознајте повеќе преку краткиот извештај од студијата
Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамки на Програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.