Градот Струмица и општините во Струмичкиот регион при набавките можат да го земат предвид еколошкиот аспект на возилата (емисиите) и да промовираат користење возила со ниски емисии. Ова би служело како пример за јавниот и приватниот сектор.
Имплементацијата е започната со набавка на 1 станица за полнење.
Потребна е нова инфраструктура за хибридните и електричните возила (станици за полнење итн.).
Административните трошоци и трошоците за усогласување со мерката паѓаат на товар на градските власти. Вторите ги вклучуваат зголемените трошоци за набавка на возила со ниски емисии, споредено со конвенционалните возила , како и проширување на изградбата на потребната инфраструктура за полнење на возилата со ниски емисии. На пр. Град Струмица на располагање има 1 супер-полнач кои чини 25.000 евра. Доколку ваквата политика се рашири, трошоците би се зголемиле, но не до степенот од мерка 19, бидејќи се однесува на помалку возила. Административните трошоци се однесуваат на организациските работи поврзани со инфраструктурата.