Тренинг за инспекциски надзор во животната средина
декември 6, 2023

Тренингот на тема: “Инспекциски надзор во животната средина” беше одржан на ден 06.12.2023 година во просториите на Државниот инспекторат за животна средина, Скопје. На обуката присуствуваа 27  учесници, од кои 17 мажи и 10 жени, од вкупно пријавени 30 лица, претставници од УНДП, ДИЖС, Општина Кавадарци, Општина Струга, Општина Куманово, Општина Гостивар и Општина Струмица.

За време на тренингот, учесниците активно учествуваа со давање коментари, како и за проблемите со кои се соочуваат нивните општини.

Учесниците имаа половина час да дискутираат на сите претходни теми за кои предавачите зборуваа на тренингот, притоа благодарение на нивното активно учество, тренингот се затвори со обострано задоволство.

Погледнете ја агендата и тренинг презентациите:

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат