Младите за климата
мај 24, 2021

Истражувањето на УНДП „Перцепцијата кај јавноста за климатските промени” покажа дека, 65% од македонските испитаници помлади од 25 години ги сметаат климатските промени за најсериозна закана за општеството и веруваат дека промените во однесувањето на индивидуално ниво се точката која може да донесе позитивен пресврт во контекстот на амбициозните климатски акции. 26,4% од македонските млади испитаници изразија интерес да преземат климатски акции, притоа признавајќи дека не знаат како тоа би можеле практично да го изведат. 

Младите за климата

Република Северна Македонија е во постапка на ревидирање на своите Национални придонеси за климатски промени (NDC – Nationally Determined Contributions). Овој процес отвори  можност Министерството за животна средина и просторно планирање не само да го слушне гласот на младите во процесот на формулирање на целите поврзани со климата, туку, што е уште поважно, да се погрижи ова да не биде разговор што ќе се води само еднаш и никогаш повеќе. Платформата за консултации Младите за климата, која е направена во вид на игра, има за цел да помогне во поставувањето цврста подлога за долгорочна комуникација меѓу јавната администрација и младинските групи во Северна Македонија.

Разговорот со претставници на младинските групи во земјава овозможи да се истакнат три потреби кои се најважни за обезбедување квалитетно и ефектно ангажирање на младите во активностите поврзани со климата преку платформата, а тоа се:

  1. Воспоставување однос на доверба со помош на интерактивни алатки;
  2. Проширување на разговорот и вон „климатската тема”;
  3. Зајакнување на конструктивните активности што ги спроведуваат младите, а кои навидум немаат врска со климатската криза.

climate changeКлиматскиот активизам воден од млади не е ниту некаква пречка, ниту маргинален феномен што ќе избледи порано или подоцна. Тој е сила, дух на времето во кое живееме и витален ресурс што треба систематски да се истражува како еден од клучните извори на трансформациски промени во нашите општества.

 

Прочитајте повеќе на следниот линк

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат