Пренесени знаења и искуства за поефикасна подготовка на план за квалитет на амбиентен воздух
декември 13, 2023

Активностите за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на локално ниво вклучуваат специјално прилагодени тренинзи дизајнирани да ги поддржат петте општини партнери на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“* во унапредување на квалитетот на воздухот на локално ниво.

Досегашните искуства покажуваат дека за подготовка на соодветен план за квалитет на амбиентален воздух потребен е систематски пристап во обезбедување на податоци. За таа цел на 13.12.2023 година во просториите на Општина Струмица се одржа тренинг чија цел беше да се пренесе знаење и искуства за поефикасна подготовка на плановите за квалитет на амбиенталниот воздух.  Во рамките на тренингот се презентираа информации за начинот на собирање податоци за подоготовка на студија за пропорционирање на уделите на загадувачи, за подготовка на инвентари на загадувачки супстанци, за вклучувањето на засегнатите страни, но и за другите податоци, кои меѓу другото, ги адресираат и родовите аспекти и предизвиците со кои се соочуваат ранлите категории на граѓани.

Тренингот се одвиваше преку серија интерактивни сесии кои овозможија дополнителна дискусија и размена на знаење и искуства на претставниците од петте општини: Струмица, Струга, Кавадарци, Куманово и Гостивар.

Повеќе информации од тренингот може да најдете овде

 

*Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица. Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат