Како што се приближува зимата и се намалуваат температурите, многумина од нас бараат начини да ги одржуваат домовите топли и удобни без вртоглави сметки за струја. Добрата вест е дека со неколку едноставни прилагодувања можете значително да ја намалите потрошувачката на енергија за греење.
Photo by Julian Hochgesang on Unsplash
1. Оптимизирајте го вашиот систем за греење
Вашиот систем за греење е суштината на топол и удобен дом во зима, но исто така може да биде и причина за поголема потрошувачка на електрична или друг вид на енергија. За да го направите системот за греење ефикасен, треба да внимавате на следниве работи:
- Закажете редовно одржување: повикајте сервисер за да бидете сигурни дека вашиот систем за греење работи најдобро. Ова особено важи за инвертер клима-уредите кои треба редовно да се чистат, а со тоа се искористува во целост нивниот капацитет.
- Инсталирајте програмабилен термостат: поставете го термостатот автоматски да ја намалува температурата кога сте отсутни или кога спиете и да ја зголемува кога сте дома. Во денешно време постојат „паметни“ термостати кои можете да ги контролирате од вашите мобилни уреди или лесно да ги програмирате.
- Внимавајте на местата од кои енергијата „бега“ т. е. се губи: проверете ги вратите, прозорците и изолирајте ги за да спречите загуба на топлина.
2. Паметно искористете ги грејните тела
Грејните тела на просторот можат да бидат ефективни, но можат да бидат и енергетски големи потрошувачи. Ако ги користите, направете го тоа ефикасно:
- Загревајте ги само просториите што ги користите, а не целата куќа.
- Поставете го грејното тело подалеку од провев и погрижете се да има безбедносна функција за исклучување.
3. Изолирајте ги старите или неефикасни врати/прозорци
Правилната изолација може да направи чуда за вашата сметка за енергија:
- Додадете гумички или силиконска заштита како дополнителна изолација на вратите и прозорците за да го задржите студениот воздух надвор.
- Инвестирајте во подебели завеси за прозорци, тие можат да направат изненадувачка разлика.
- Користете штитници за спречување провев на дното на вратите.
4. Искористете ја природната топлина
Максимизирајте ја топлината од сонцето во текот на денот:
- Отворете ги завесите во текот на денот за да влезе природна светлина и топлина.
- Затворете ги завесите навечер за да ја „заробите“ топлината.
5. Гответе и печете мудро
Готвењето и печењето можат да бидат извор на дополнителна топлина за вашиот дом, но:
- Минимизирајте ја употребата на рерната во многу студени денови бидејќи троши повеќе енергија за да се загрее.
6. Поставете ги вентилаторите на таванот во обратна насока
Повеќето тавански вентилатори имаат можност да вртат „обратно“.
7. Одлучете се за енергетски ефикасни апарати
Купувајте енергетски ефикасни апарати, особено ако вашите апарати се при крај со користењето. Побарајте ја ознаката ENERGY STAR кога купувате нови апарати, бидејќи тие се дизајнирани да трошат помалку енергија.
8. Намалете ја температурата на термостатот на бојлерот
Можете да заштедите енергија со поставување на термостатот на бојлерот на пониска температура, како што е 49°C, што е генерално доволно за повеќето потреби на домаќинството. Ова ќе ја намали енергијата потребна за загревање на водата.
9. Исклучете ги и извадете ги од штекер уредите кои не ги користите
Дури и кога не се користат, електронските уреди и полначи можат да трошат енергија. Исклучете ги или извадете ги од штекер и полначите кога не се потребни за да ја намалите потрошувачката на енергија.
Со комбинација на овие практични совети и трикови, можете да го направите вашиот дом енергетски поефикасен и да заштедите пари на сметките за греење во студените месеци. Мали промени можат да дадат значителни заштеди и да ви помогнат да уживате во топла и удобна зима без стрес предизвикан од сметката за греење.
Дополнително, намалувањето на потрошувачката на енергија не е добро само за вашиот паричник, туку и за животната средина. Употребата на енергијата рационално влијае на отпечатокот на животната средина. Доколку користиме помалку енергија, а го постигнеме истиот ефект, ќе го намалиме ефектот кој го има производството на таа енергија врз животната средина.
Извори:
U.S. Department of Energy (DOE): https://www.energy.gov/energysaver/energy-saver
ENERGY STAR: https://www.energystar.gov/
Environmental Protection Agency (EPA): https://www.epa.gov/