Истражување како се загреваат домаќинствата во Скопската Котлина
јуни 16, 2022

Целта на ова истражување е да се повтори студијата „Скопје се загрева“, која беше спроведена во 2017 година, и да се оцени напредокот постигнат досега во однос на имплементацијата на мерките за енергетска ефикасност (пр. замена на стари и неефикасни печки за греење и прозорци, поставување изолација и слично) во рамките на станбените куќи/згради. Дополнително, ова истражување има цел да го процени нивото на свесност на граѓаните за изворите и ефектите од загадувањето на воздухот, подготвеноста на граѓаните да инвестираат во грејни уреди и други мерки за енергетска ефикасност и што е тоа што најмногу влијае врз нивната одлука при купувањето уред за греење.

Извештајот е подготвен од тимот на Индаго и ги презентира наодите од анализата на добиените податоци од спроведената анкета за начинот на загревање на домаќинствата во Скопската Котлина.

Според последниот годишен извештај од 2019 година на Министерството за животна средина и просторно планирање, уделот на емисиите од категоријата домаќинства и административни објекти (особено од согорување на дрвата) во 2018 година во вкупните емисии на вкупните цврсти честички (TSP) изнесува 40 %, во емисиите на цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM10) изнесува 42 % и 67 % во емисиите на цврсти честички со големина до 2,5 микрометри (PM2,5). Овој податок укажува на фактот дека грејните практики се клучен фактор за аерозагадувањето во Скопската Котлина. Во периодот од 2017 до 2021 година беа преземени различни мерки од страна на повеќе различни институции за зголемување на енергетската ефикасност во однос на загревањето на домаќинствата во Скопје. Давани беа субвенции од различни институции за оние домаќинства што би ги замениле старите и неефикасни грејни печки со нови поефикасни грејни тела, како што се модерни печки на пелети и инвертери, проследено со јавна кампања за зголемување на свеста за важноста на енергетската ефикасност при греењето на домаќинствата. Дополнително, се намали и ДДВ за парното греење од 18 % на 5 %. Министерството за економија, Град Скопје и некои општини од Скопје даваат субвенции за набавка и монтажа на печки на пелети и клима-уреди (инвертери). Во периодот 2016-2019 година, Град Скопје заедно со Општина Гази Баба и Аеродром обезбеди вкупно 1 711 субвенции за печки на палети и 1 640 клима-уреди (инвертери). Само минатата година, Градот Скопје обезбеди околу 5 000 субвенции за клима-уреди (инвертери).

kako se zagrevaat domakinstvata vo skopskata kotlina grafikon za subvencija

Графикон. Извор на субвенцијата

Присуството на штетни горива што се користат за греење во Скопскиот Регион сè уште е на релативно високо ниво, како и појавата на палење стрништа. Секое четврто домаќинство изјавува дека во нивната околина се користат штетни горива и секое петто домаќинство изјавува дека во нивната околина се палат стрништа. Овие појави се изразени повеќе во руралните општини, но присутни се и во периферните општини што припаѓаат на Градот Скопје.

UNDP Survey_Heating practices in Skopje_2021_MKD version (1)

Други содржини кои можеби ќе те интересираат