Одржана обука на тема „Мерење на суспендирани честички – зошто и како?“
декември 12, 2023

На 12 декември 2023 година во просториите на Универзитетот ‚‚Гоце Делчев‘‘ во Штип се одржа обука на тема „Мерење на суспендирани честички – зошто и како?“. На обуката присуствуваа претставници од невладини организации од Струга, Гостивар, Струмица, Куманово и Кавадарци. Модератор и организатор на настанот беше Факултетот за природни и технички науки, Универзитет Гоце Делчев во Штип.

Согласно законските прописи, најголемиот број држави имаат воспоставено мониторинг мрежи, кои континуирано прибираат податоци за квалитетот на амбиентниот воздух на повеќе репрезентативни локации. Прибраните податоци, во основа може да се комуницираат со јавноста на два начини, со периодични извештаи или со индекси за квалитет на воздухот кои служат да информираат пред се за здравствените ризици од одредени активности кои населението ги презема.

Методите за мониторинг, треба да овозможат споредбеност и следливост на резултатите. Вообичаено, законските прописи ги дефинираат минималните барања за квалитет на мониторингот. 

Во првиот дел од обуката беа презентирани основни информации за изворите на загадување, мерењата, сензорите и индексите, гравиметриско мерење на концентрација на РМ2.5 и РМ10 и анализа на составот на РМ2.5 и РМ10.

Вториот дел беше посета на лабораторијата АМБИКОН.

 

Повеќе информации од тренингот може да најдете овде

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат