Последниот тренинг за оваа година е посветен на добрите пракси за координација и креирање дополнителни синергии. Согледувајќи ја потребата за поефикасна координација, проектот ‚‚Справување со загадувањето на воздухот‘‘* разви веб платформа cistvozduh.mk чија цел е да помогне во јакнење на јавната свест за предизвиците од аерозагадувањето и неговите ефекти, како и да овозможи поефикасна координација на активностите и следење на реализацијата на мерките од плановите за квалитет на амбиентниот воздух. Во таа насока, претставниците од општините се запознаа со алатките и опциите кои ги нуди координативната платформа за следење на локалните акции за заштита на воздухот и планирање дополнителни мерки. Дополнително, учесниците на тренигот, под менторство на ИТ експерт, беа обучени како да внесуваат мерки од плановите за квалитет на амбиентниот воздух и да стекнат практично искуство во користењето на платформата.
Успешниот тренинг и потребата од ваква платформа, ја потврди изјавата на претставникот на општина Гостивар кој рече дека „за да градиш куќа, ти треба План. И за да го подобриш квалитетот на воздухот, треба добар план, но и ваква алатка како Координативната платформа со која лесно се следи неговата имплементација“.
Во следната година, продолжуваме со уште прилагодени тренинзи насочени кон градење на капацитети и знаења се со цел да овозможиме подобар квалитет на воздухот.
Повеќе информации од тренингот може да најдете овде
*Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица. Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.