Зошто треба да учиме за климатските промени?
март 31, 2021

На 22 Јануари 2021 година се одржа онлајн дискусија на тема климатските промени и образованието, главните коментари во текот на дискусијата се однесуваа на можностите за вклучување на оваа проблематика во новата концепција на образованието, потребните технички капацитети во училиштата и обученоста на професорите кои би биле вклучени во овој процес. Исто така се дискутираше за неопходноста на поврзувањето со националната економска програма за реформи, во рамки на проектот „Четврт национален план и Трет двегодишен извештај за климатски промени кон Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ)“, со техничка и финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ).Environmental education

УНДП исто така во изминатиот период (октомври и ноември) организираше консултациски процес за вклучување на младите во проблемот со климатските промени во кој беа вклучени околу 300 млади, од кои повеќето ја истакнаа потребата од стратешки инвестиции во зеленото образование, што ни кажува дека постои интерес од страна на младите за вклучување на климатските промени во образованието.

 

Прочитајте повеќе на следниот линк

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат