Дизајнирање на програма за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи на граѓани
декември 5, 2023

Субвенциите претставуваат одличен механизам за поддршка на граѓаните, а особено за стимулација на мерки кои можат директно да допринесат кон намалување на аерозагадувањето. Таков е примерот со поддршката која УНДП ја обезбеди во рамките на првата фаза од проектот „Справување со аерозагадувањето“ со што беа поддржани околу 100 домаќинства за имплементација на мерки кои вклучуваа подобрување на изолацијата во домот, промена на начинот на греење но и реновирање на самите домови на жителите од населба Лисиче. Модели за субвенции спроведуваат и високо развиените земји, а примери за добри модели се среќаваат и во земјите од регионот. Најголем дел од земјите, субвенциите ги реализираат преку посебна институција – фонд за животна средина и/или енергетска ефикасност, и речиси сите обезбедуваат средства за најголемиот дел од апликациите за субвенции, пред сè за социјално/економско ранливите категории граѓани. Токму во таа насока беше дизајниран и реализиран и вториот тренинг од тренинг програмата за општините кои се корисници и партнери на прооектот „Справување со аерозагадувањето“. Овој тренинг се одржа во Гостивар, на 29.11.2023, во просториите на iCan, и беше насочен кон поттикнување на општините за дизајнирање програма за субвенции на граѓани кои ќе одговорат на потребите на различни групи на граѓани. Тренингот го реализираше Проф. Пеце Недановски од Економскиот факултет во Скопје кој направи компаративна анализа помеѓу моделите за субвенции во различни држави, но исто така обезбеди и информации и насоки за дизајнирање модел за субвенционирање на социјално ранливи групи граѓани кој може да биде применлив во општините корисници и партнери на проектот. За време на тренингот беше презентиран и моделот за субвенции во населба Лисиче, но и моделот за субвенционирање кој го користи Општина Аеродром.

 

Претставниците на Општина Гостивар сметаа дека вакви информации и насоки кои беа обезбедени за време на тренингот се особено корисни за општините и овозможуваат лесно и успешно дизајнирање на најсоодветен модел за субвенционирање. Примерот на Општина Аеродром е повеќе од корисен и голем дел од општините најавија интерес за преземање и користење во своите општини.

Повеќе информации од тренингот може да најдете овде

Други содржини кои можеби ќе те интересираат