Иницијативата „На точак“ треба да заживее во повеќе градови за почист воздух
јуни 22, 2023

И годинава се одржа настанот „Гевгелија на точак“ кој што има за цел да ја врати старата изумрена традиција на велосипедските трки. Оваа традиција била многу популарна пред 40-на години. Здружението на граѓани „Change Makers 4 all“ ја оживеа оваа традиција пред три години, односно во 2020 година, повторно се организираше ваков настан, и веќе таа организација трае три години. 

Заради околностите и условите за време на пандемијата, првата година, се организираше штафетно возење на велосипед низ улиците на Гевгелија. Следната година настанот беше придружен со повеќе од 400 учесници. Пред и после настанот, имавме одлична дружба со најмладите учесници, што посебно не’ радува. Најмалата учесничка имаше 5 години.“, вели Марина Томова, претседател на здружението „Change Makers 4 all“.

Целта е да се зголеми иницијативата „На точак“ која првично почна од Скопје, а целта е да се поттикне велосипедизмот за почист воздух низ државата. 

Марина Томова

Покрај идејата да се врати изумрената традиција, овој настан има за цел и да ја подигне свеста на граѓаните дека не треба за кратки релации да се користи возило кое ја загадува животната средина.

„Со организирање на ваквите настани сфативме дека на луѓето им недостига ваква дружба. Ние сме тука да продолжиме да правиме позитивни промени и да ги поврзуваме луѓето.“, велат од здружението.

„На точак“

Други содржини кои можеби ќе те интересираат