ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТНИ КОНЦЕПТИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ВО СТРУМИЦА, КАВАДАРЦИ, КУМАНОВО, СТРУГА И ГОСТИВАР
мај 8, 2023

polluted-city

Целта на овој повик е да се поддржат пет локални граѓански организации или коалиција на локални граѓански организации да ги поттикне да спроведат активности кои ќе придонесат во напорите на проектот за справување со загадувањето на воздухот и да ги поддржат во спроведување експерименти кои ќе тестираат различни стимулации во однесувањето и ќе поттикнат инвестиции и имплементација на мерки кои можат да придонесат за заштита на воздухот. Фокусот на поддржаните активности ќе биде ставен на пет таргетирани градови: Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга.

Граѓанските организации кои сакаат да аплицираат во програмата мора да го пополнат формуларот за апликација.

Целиот текст на јавниот повик.

Во прилог на формуларот за апликација, апликантите треба да ги достават следните документи:

1. Апликационо писмо (со потпис и печат). Во случај на конзорциум на граѓански организации, главниот член го потпишува апликационото писмо.

2. Копија од документот за регистрација на апликантот дека граѓанската организација(и) е/се регистрирана во Северна Македонија, со улов не постара од 6 месеци).

Краток профил на ГО(ите) (мандат, финансиска состојба, човечки капацитети и претходно искуство во проекти поврзани со загадувањето на воздухот, климатските промени, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија итн.); Во случај на конзорциум на граѓански организации, профилот треба да се достави и за двете граѓански организации.
CV на проектниот координатор одговорен за спроведување на грантот.
Електронската верзија на Формуларот за апликација, вклучувајќи ги и дополнителните документи, треба да се достави на: aleksandra.dimova@undp.org и CC: trajancho.naumovski@undp.org во форма на PDF датотека. Предметот на е-поштата мора да го содржи името на повикот Проектен концепт за активности за зголемување за справување со загадувањето на воздухот.

Крајниот рок за поднесување е 30 мај 2023 година.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат