Конвенционалниот и традиционалниот процес на просторно планирање не ги зема предвид ризиците за климатските промени и дополнителните ранливости или влијанија. Не ги интегрира факторите на климатски промени како детерминанта во планирањето на просторот. Ова е затоа што феноменот на климатските промени е релативно нов во споредба со воспоставените практики за планирање низ целиот свет.
Токму поради тоа, Лолија Мари создаде нова методологија за интегрирање на климатските промени во просторното планирање, со фокус на нашиот Национален просторен план. Таа е планер за животна средина и архитект со повеќе од осум години професионално искуство низ различни скали и сектори на планирање и развој. Нејзиното професионално искуство е богато и се движи во насока на: просторно планирање и развој, мастер планирање, планирање и дизајн на животната средина, проценка на ризик и ранливост, партиципативно планирање, истражувачки педагогии, алтернативни пристапи кон планирање и развој.
Едно од клучните прашања на интервјуто беше:
- Кои се главните придобивки од предложената Методологија за интегрирање на климатските промени во просторното планирање во Република Северна Македонија?
Доколку се интегрирани и применети во различните типови на просторни планови (како што се: новиот национален просторен план или регионалните планови или дури и урбанистичките планови);
- Може да се избегнат значителни ризици и катастрофи поврзани со климатските промени
- Може да се намалат човечките, економските, загубите во животната средина и трошоците од ризиците од климатските промени
- Важните пејзажни системи, природните ресурси и екосистемските услуги можат да бидат заштитени и искористени добро за да се направи земјата поотпорна
- Може да се намалат придонесите на земјата во глобалните емисии на јаглерод.
Повеќе од интервјуто прочитајте на следниот линк