Каква е врската помеѓу загадувањето на воздухот и климатската криза?
април 16, 2021

Што е загадување на воздухот и од каде доаѓа?

Загадувањето на воздухот може да има различни форми. Некои од најпроблематичните и најчестите се таканаречените краткотрајни климатски загадувачи (short-lived climate-forcing pollutants – SLCPs) кои вклучуваат метан, црн јаглерод, копнен озон и сулфат аеросоли. Црниот јаглерод е познат како саѓи, а копнениот озон како смог. Смогот е таа магла што се формира над градот и е резултат на реакцијата на емисиите од овие загадувачи на сончевата светлина. Ова е најчесто резултат на азот испуштен од возила, канализација, земјоделство и отпад. Саѓа се однесува на честичките од хемикалии, почва, чад, прашина или алергени кои лесно се движат низ воздухот. Природата на овие форми на загадување значи дека тие имаат различни ефекти врз здравјето и благосостојбата на луѓето, како и врз климатската криза за што ќе разговараме понатаму во овие статии.

Во Скопје и остатокот од земјата, главните извори на загадување на воздухот се индустријата (особено од согорување на јаглен), греење на домаќинствата и возилата. Многу електрани и фабрики во Македонија датираат од пред 1990-тата година и горат кафеав јаглен, познат како лигнит. Лигнитот е ефтин, во изобилство, но исто така и многу загадува. Покрај тоа, планирањето на градовите во земјата и културата на патување од една до друга точка се центрираат околу користењето на автомобил, а градовите како Скопје, Струмица, Тетово честопати се зафатени со сообраќаен метеж. Покрај тоа, голем дел од возилата во земјата се стари и имаат (особено дизел) мотори кои се под стандардите на ЕУ. Во 2010 година, тогашната влада го олесни увозот на стари возила од ЕУ што крајно ја влоши состојбата со загадувањето на воздухот во земјата.air pollution&climate change

 

 

Врската помеѓу загадувањето на воздухот и климатската криза

Загадувањето на воздухот придонесува кон влошување на климатската криза, но исто така, климатската криза ја влошува состојбата со аерозагадувањето. Многу од загадувачите на воздухот се стакленички гасови кои ги предизвикуваат и климатксите промени. Трите најмоќни стакленички гасови кои се едни од најголемите виновници и за климатската криза и за аеро-загадувањето се јаглеродниот диоксид, метанот и црниот јаглерод (саѓи). Јаглеродниот диоксид и метанот ја зголемуваат температурата, а смогот создава високо ниво на ултравиолетово зрачење. Од друга страна пак, климатските промени го зголемуваат производството на алергени како полен и мувла и ги продолжуваат временските услови во кои се создаваат тие. Сончевата светлина го влошува смогот, додека пак смогот влијае на количината на сончева светлина што се апсорбира или се рефлектира во атмосферата. Последното има ужасни влијанија на климата. Негативните ефекти од загадувањето на воздухот се исто така екстремно долготрајни. Саѓите од дизел моторите и други честички може да патуваат на многу долги растојанија низ целиот свет. Научниците открија дека саѓи имаат достигнато дури и до поларните региони. Таму, тие се населуваат на мразот и снегот и со тоа ги затемнуваат истите. Темниот снег значи помалку сончева светлина која се рефлектира во атмосферата и заробува повеќе топлина, при што не може да продолжи повеќе да ја загрева планетата.

 

Прочитајте повеќе на следниот линк.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат