Извештај „во сенка“ за квалитет на воздух
јули 24, 2023

air quality report

За нашата држава направени се дури два извештаи во сенка за за Поглавјето 27 „Животна средина и клима“, последниот за 2022 година. Станува збор за оценката за статусот на приближување на законодавството на Европската Унија за животната средина и климатски промени во Република Северна Македонија, направена од Платформа 27“ – неформална мрежа на повеќе од 20 граѓански организации кои работат на полето на заштита на животната средина и климатски промени. На тој начин граѓанските организации се активен партнер во предпристапните преговори за влез во ЕУ во однос на Поглавјето 27.

Анализите во поглавјето за квалитет на воздух даваат заклучок дека и покрај трендот на намалување на концентрациите на скоро сите загадувачки супстанци и напредокот во однос на мониторингот на квалитетот на амбиентниот воздух и известување за надминувањата на концентрациите, аерозагадувањето се уште претставува значаен проблем во голем број градови во државата.

kvalitet na vozduh

Решавањето на аерозагадувањето е невозможно без значајни плански инвестиции и силна интерсекторската соработка со цел координација и спроведување на мерки во различни сектори. Дадени се дванаесет препораки за подобрување на состојбата, некои за државата, некои конкретно за општините. Во продолжение се прикажани препораките за општините, кои се фокус на платформата cistvozduh.mk

1. Домаќинства 

а. да се продолжи со стимулација закористење на инвертери, но само во населби и општини каде што нема можност за приклучување на дистрибутивна мрежа за снабдување со топлина. Општините неопходно е да планираат во своите буџети мерки за субвенционирање, а државата да работи на намалување на % на ДДВ за високоефикасните инвертери;

b. да се забрани употребна на цврсти горива во урбани средини.

2. Дистрибуција и снабдување со топлина

а. да се зголеми бројот на топлани кои ќе користат гориво кое емитува помалку загадувачки супстанци (ОИЕ, биомаса и сл.);

b. да се стимулира изградба на повеќе помали топлани кои полесно ќе се управуваат и контролирано ќе снабдуваат топлина до домаќинствата и јавните објекти.

3. Поголема употреба на обновливи извори на енергија во домаќинствата, комерцијалниот сектор и индустријата

а. да се обезбедат субвенции за домаќинствата во висина од 30% од инвестициите на 6kW за фотонапонски централи на покривите; 

b. Енергетската ефикасност на овие фотонапонски централи да стане критериум за субвенциите (повисока ефикасност, повисоки субвенции). 

4. Индустрија

а. да се обезбеди поголема транспарентност за висината на надоместоците од Б еколошките дозволи, за тоа каде завршуваат и како се користат; 

b. топланите и системите за греење во административните објекти да продолжат да користат гас доколку истиот е достапен.

5. Инспекциски надзор

а. инспекцискиот надзор да работи и во функција на откривање на нелегално горење на разни предмети и материјали на отворено, а исто така и на лоцирање на диви депонии и нивно палење; 

b. Со цел стимулација на објективен надзор, државата да воведе систем за наградување во зависност од бројот на изречени казни од страна на државните и локалните овластени инспектори.

6. Управување со отпад

а. општинските власти постојано да работат на растување на сите диви депонии кои редовно се јавуваат   во руралните области, покрај патиштата но и речните корита; 

b. реализација на мерки за спречување на создавање на диви депонии (поставување урбана опрема,   раззеленување и сл.) ; 

c. Комуналните редари и локалните овластени инспектори да вршат редовен и објективен надзор и да   известуваат за бројот на изречени казни на локално ниво.

7. Транспорт

a. да се стимулираат мерки за немоторизиран транспорт во урбаните средини, зголемување на бројот на   велосипедски патеки; 

b. општините да продолжат со издавање на субвенции но и да ги зголемат средствата за   субвенционирање на набавка на тротинети и велосипеди;

c. Во деновите кога граничните вредности се надминати да се забрани движење на возила со мотори под   ЕУРО 4 стандард низ градските подрачја на градовите кои се загадени. Исто така, да се овозможи   бесплатен и поголем проток на јавен превоз во овие денови.

8. Урбано зеленило и зачувување на шумскиот фонд

a. да се запазат одредбите од Законот за градење за задолжителен процент на зеленило кој мора да го   содржи секој новоизграден објект.

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат