Нови истражувања покажуваат дека загадениот воздух ги скратува животите на милијарди луѓе ширум светот дури до шест години. Ова го прави загадениот воздух еден од најголемите убијци на денешницата.
Табела. Како различните видови на загадување на воздухот го оштетуваат ткивото
Горењето на фосилните горива е една од главните причини за ова, а граѓаните во земји кои се најпогодени со загаден воздух имаат во просек понизок животен век. Во Индија на пример, граѓаните живеат шест години пократко токму поради ова, а во Кина 2.6 години пократок живот поради загаден воздух.
Горењето на фосилните горива исто така е виновник за климатските промени, а тие пак се причина и за зголемениот број на шумски пожари кои се гледаат секоја година на секоја точка на планетата.
„Загадувањето на воздухот е најголемата надворешна закана по здравјето на луѓето на оваа планета.“ И ова не е доволно препознаено и признаено, вели проф. Михаел Гринстон од Универзитетот во Чикаго. Тој и неговите колеги го развиле индексот за квалитет на воздухот кој ја конвертира загаденоста на воздухот во намален животен век кај луѓето.
Според овој индекс населението во Северна Македонија живее 0.6 години помалку во просек како резултат на загадениот воздух.
На глобално ниво загадениот воздух им крати 2.2 години во просек на граѓаните во Светот.
Според извештаите на научниците, животниот век на луѓето ќе се продолжи значително, само ако се преземат мерки да имаме почист воздух. Некои од државите веќе објавија „војна против загадувањето“ и со сериозни мерки го намалија загадувањето за дури 30%. Тоа значи дека човечкиот фактор има значително влијание во целиот овој процес.