Избегнувајте купување на флаширана вода?
јуни 16, 2022

Универзитетот Харвард направил анализа зошто треба да се избегнува и да не се купува флаширана вода. Модерното општество наметнува потреби без кои понекогаш животот може да биде и подобар. Една од тие „потреби“ е да купуваме вода флаширана во шишиња имајќи чиста и постојано контролирана вода во водоводниот систем.

Photo by Noppadon Manadee on Unsplash

Според Харвард има три клучни причини зошто да ја избегнувате флашираната вода.

Загадување

Целиот животен циклус на флаширана вода користи фосилни горива за да се „произведе“, а тоа  придонесува за глобалното затоплување и предизвикува загадување.

Повеќе од 17 милиони барели нафта се потребни за да се произведат доволно пластични шишиња со вода за да се задоволи годишната побарувачка на Америка за флаширана вода. Ние сме мала држава, но сепак тие шишиња нема да се произведат ако примениме едноставна работа – пиење чиста и контролирана вода од водоводниот систем.

„Според Институтот за рециклирање контејнери, 86 отсто од пластичните шишиња со вода што се користат во Соединетите држави стануваат ѓубре или ѓубре“.

Цена

Флашираната вода е околу 3.000 проценти поскапа од водата од чешма.

МИТ: Водата во шишиња е почиста од водата од чешма

„Флашираната вода генерално не е почиста, ниту побезбедна, ниту поздрава од водата од чешма. Всушност, федералната влада бара многу поригорозни и почести безбедносни тестирања и следење на општинската вода за пиење“, се вели во анализата на Харвард.

На крајот од текстот Харвард ги потсетува сите свои студенти дека треба да внимаваат на животната средина, но и на сопствениот џеб. Купувањето флаширана вода е штетно за вас и за околината.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат