Чисти оџаци за чист воздух – воспоставување на програма за обука на оџачари и за субвенции за чистење на оџаци
0%
септември 21, 2022
Оцени ја мерката
Тип
Техничка
Сектор
Градежништво
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
PM10PM2.5
Одговорна институција за спроведување
Град Скопје

Во Скопје има над 60.000 оџаци што многу ретко се чистат и само 8 оџачари. Еден неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак. Град Скопје додели околу 1,000 субвенции на физички и правни лица во периодот 2018-2020, и вложи значителни напори да обучи повеќе оџачари (за жал на повиците за обука немаше многу интерес).



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • воспоставен механизам за доделување на субвенции за чистење оџаци;
  • дизајнирана обука/едукација за оџачари.
Планирани чекори
  • поголема промоција за занимањето оџачар;
  • креирање на регистар на оџачари, достапен за јавноста;
  • воспоставување формална соработка со енергетските контролори со цел да се вклучи и датум на последно чистење на оџаков во информациите кои се собираат за објектот.
Цел
најмалку 5,000 субвенции за чистење оџаци и најмалку 25 оџачари со лиценца за работа
Индикатори за следење на имплементацијата
  • број на доделени субвенции за чистење оџаци на правни и физички лица, расчленет по род;
  • број на оџачари со лиценца за работа.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
  • помалку пожари во грејната сезона.
Период на имплементација
Финансии
Буџет
2,400,000