Мора на располагање да има ефикасна опрема, можно е да е потребен одреден надзор од локалните власти. Може да се изготви многу едноставен документ за да се прикаже зачестеноста на чистење и да се класифицираат улиците, колку често истите се чистат и мијат и да се поделат улиците по програми за чистење. Чистењето може да зависи од годишното време и типови на улици со цел да се оптимизираат трошоците и ефикасноста на мерките. Структурата на машините за чистење треба да се подобри, согласно мерката бр. 13. Потребна е промена во законодавството за чистењето на улиците во текот на зимата.
Административните трошоци и трошоците за усогласување со мерката се на товар на градските власти. За оваа мерка потребно е подобрување на организацијата и интензитетот на постоечкото работење, на пример со систем за класификација и категоризација на улици според потребниот интензитет на чистење. За новиот систем потребни се обуки на персоналот и мониторинг, за што би било неопходно вработување на дополнителен персонал. Понатаму, неопходен е поголем број чистачи за да се покрие зголемениот интензитет за чистење. Исто така постоечката опрема треба да се надгради и редовно да се одржува. Целокупните трошоци може да се пресметаат доколку постојат податоци за дополнителниот персонал и опрема кои се потребни.