Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Оваа мерка претставува продолжување на добрата практика на Град Скопје за намалување на палење на стрништата и земјоделските/градинарски отпадоци. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на земјоделски/градинарски органски отпад. Отпадот се превзема бесплатно и се компостира (пр. во соработка со Мама Органа).
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- процедурата за собирање органски отпад е веќе поставена во 2020 год. Досега се собрани 700 m3 органски отпад;
- дополнителна мотивација за секој што ќе ја искористи оваа мерка: во сезоната на садење ќе добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми даден отпад.
Планирани чекори
- во општина Карпош планирано е да се отвори првата градска компостара во 2022 година, во соработка со социјалното претпријатие Мама Органа;
- да се воспостави процедура за депонирање на собраниот отпад во компостара;
- да се продолжи со реализација на мерката.
Цел
најмалку 5000m3 органски отпад подигнати
Индикатори за следење на имплементацијата
- m3 подигнат органски отпад
- кг компост произведен/поделен на земјоделците
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
- елиминирање на палењето на нивите и стрништата;
- се зачувува плодноста на почвата;
- се спречува ширење на евентуални пожари од палење на земјоделски отпад/стрништа, кои предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.
Период на имплементација
Финансии
Буџет