Замена на малите шпорети и котли кои се користат во моментот за греење во објектите со централно парно греење.
На долг рок може да биде ефикасно во намалувањето на емисиите.
Како препорака, градските власти ја имаат на располагање и оваа мерка. Доколку истата се активира, се чини дека оваа политика би била многу скапа. Административните трошоци за властите вклучуваат најмување компании кои ќе го испланираат и изведат проширувањето на мрежата за централно парно греење и приклучувањето на постоечките згради во областите кои сè уште не се поврзани на мрежата. Ќе треба да се изградат и нови електрани за да може да се снабдува проширената мрежа. Доколку се спроведува програма за субвенционирање, ова исто така би генерирало административни трошоци.
Трошоците за усогласување со мерката одат на товар на градските власти, но и на товар на компаниите кои испорачуваат енергија кои ќе треба да го финансираат проширувањето на мрежата, приклучувањето на зградите, како и изградбата на нови електрани. Понатаму, кај домаќинствата и деловните субјекти ќе се појават трошоци за инсталација на грејни тела, како и повисоката цена на централното парно греење споредено со поевтините алтернативни.