Како алтернатива на поврзувањето во мрежата за централно парно греење или замената на старите печки со нови, возможно е да се користат модерни извори на енергија за загревање на домовите и производство на топла вода. Употребата на ваквите модерни извори на енергија може да се направи и со помали локални мрежи.
Административните трошоци за оваа мерка, кои се однесуваат на властите, вклучуваат планирање, организација и плаќање за набавка на мрежна инфраструктура на територијата на целиот град, како на пр. локални мрежи за модерни извори на обновлива енергија. Понатаму, доколку се спроведе програма за субвенционирање на домаќинствата, ова исто така повлекува административни трошоци.
Трошоците за усогласување со мерката за деловните субјекти и домаќинствата подразбираат купување единици за производство на енергија (соларни панели, геотермални топлотни пумпи) и инсталации за греење во зградите. Според експертите соларните панели чинат 400-500 евра по инсталација по домаќинство, додека инсталациите за геотермална енергија чинат од 2,500 евра нагоре. Финансирањето на инсталацијата на модерни извори на енергија во поголем обем може лесно да прерасне во скапа активност. Од друга страна, секојдневните трошоци за греење се ниски споредено со традиционалните извори на енергија (ел. енергија, централно парно греење).