Гасифицирање во домаќинства
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Субвенција
Сектор
Енергија
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5 и PM10PM2
Одговорна институција за спроведување
Општина Струмица – Одделение за заштита на животната средина

Постојните објекти во градот, пред сѐ домаќинствата се греат на огревно дрво. Постојните печки на огревно дрво кои се користат во Македонија имаат максимален коефициент на полезно дејство од 0,75. Покрај релативно нискиот коефициент на полезно дејство, овие печки создаваат висока концентрација на PM2,5 и PM10 честички. За секој согорен 1 [m3] огревно дрво се добиваат PM2,5 честици со количина 0,00499 [t/m3] и PM10 честици со количина  0,00512 [t/m3]. Согласно со последниот попис од 2021 година, во Општината регистрирани се 10048 домаќинства кои за греење користат огревно дрво. 41 % од жителите на Општина Струмица како примарен енергенс за загревање на домот го користат огревното дрво. Речиси две третини од граѓаните на Струмица 68 % не сметаат дека со начинот на кој го загреваат својот дом придонесуваат кон загадувањето на воздухот во околината во која живеат. Повеќе од две третини (73 %) од интервјуирани граѓани на Струмица истакнале дека не се заинтересирани да го сменат актуелниот начин на загревање на нивниот дом.

Најприсутни се оние со најниски месечни примања (11000 денари и помалку, 11001мкд – 14000мкд) и возрасна група 55+. Сепак, останатите групи на месечни примања од 14001 до над 60000мкд се изјасниле дека би промениле начин на греење во скала од 1 % до 17 %.

54 % од интервјуираните жители на Струмица не се информирани за постоењето на субвенционирана програма за енергетска ефикасност како помош за домаќинствата од страна на Општината. (УНДП, 2023).

Мерката има двојна функција: намалување на внатрешно и надворешно загадување. Сиромашната популација на ниво на индивидуа и домаќинство се јавува и како најголем емитер, а воедно и како најзагрозена категорија граѓани од внатрешно и надворешно загадување. Енергетската сиромаштија директно се таргетира преку оваа мерка како додадена вредност на истата.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1

Решение на Општината за висина на субвенција за оваа мерка. Дефинирање на висината на субвенцијата согласно со категоријата ранливост на домаќинството. Износот на субвенцијата треба да биде усогласен на начин што ќе може да овозможи замена на постоечките печки и котли на огревно дрво на кај домаќинствата согласно нивните примања.
Чекор 2

Дефинирање на параметри за избор на домаќинство (приходи, социјален статус, број на членови во домаќинство итн.). Воведување категорија „ранливи домаќинства“ кои имаат печки и котли на огревно дрво и инсталација за парно греење, а не се во можност да ги заменат со котли на природен гас (пример; повеќечлени семејства со ниски примања.)
Чекор 3

Објавување Конкурс за субвенционирање и оформување на општинска комисија за избор. Зголемување на видливоста на Конкурсот и обезбедена поддршка за ранливи категории граѓани за упатување за прибирање соодветна документација за апликација. Јасно дефинирање и појаснување на делот од Конкурсот наменет за ранливи категории. Информативна кампања
(социјални и други традиционални медиуми) за објавата и условите на Конкурсот. Информативни кампањи за штетноста на користење на огревно дрво за загревање и готвење.
Чекор 4

Анализа и избор на пријавени домаќинства согласно со бараните параметри. Собирање полово поделени податоци на апликанти и добитници на субвенции.
Чекор 5

Собирање на податоци за определување на индикатори: Aнкета на потрошувачка на енергија
пред и после доделување на субвенција.

Цел
11000 домаќинства
Индикатори за следење на имплементацијата

➢ број на домаќинства кои добиле субвенција;
➢ % на жени носители на домаќинства добитници на субвенција;
➢ % на лица над 55 години добитници на субвенции;
➢ % на социјално ранливи категории добитници на субвенција.

Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Струмица – Одделение за заштита на животната средина
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
10 ден/Nm3/корисник + 46.943 ден. за нов приклучок Вкупен буџет од 3.000.000 денари