Гасифицирање во домаќинства
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Субвенција
Сектор
Енергија
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5 и PM10PM2
Одговорна институција за спроведување
Општина Куманово - Одделение за заштита на животната средина

Постоечките објекти во градот, пред се домаќинствата се греат на огревно дрво. Постоечките печки на огревно дрво кои се користат во Македонија имаат максимален коефициент на полезно дејство од 0,75. Покрај релативно нискиот коефициент на полезно дејство, овие печки создаваат висока концентрација на PM2,5 и PM10 честички. За секој согорен 1м3 огревно дрво се добиваат PM2,5 честици со количина 0,00499 [t/m3] и PM10 честици со количина 0,00512 [t/m3]. Согласно последниот попис од 2021 година, во општината регистрирани се 15123 домаќинства кои за греење користат огревно дрво. Во општина Куманово 41% од испитаниците како примарен енергенс за загревање на домот го користат огревното дрво. Две третини од жителите на Куманово (63%) сметаат дека енергенсот кој го употребуваат за загревање на нивниот дом, не го загадува воздухот во околината во која живеат. Речиси две третини од испитаниците (65%) истакнале дека не се заинтересирани да го сменат актуелниот начин на загревање на нивниот дом, каде мажите се позаинтересирани за промена на начинот на загревање. Повеќе од половина од интервјуираните граѓани (59%)
изјавиле дека нема веројатност да се одлучат за инвестиција во следните 12 месеци, каде најпррисутни се оние со најниски месечни примања (11000 денари и помалку, 11001мкд – 14000мкд) и возрасна група 55+. Сепак останатите групи на месечни примања од 14001 до над 60000мкд се изјасниле дека би промениле начин на греење во скала од 1% до 17%. 48% од интервјуираните жители на Куманово не се информирани за постоењето на субвенционирана програма за енергетска ефикасност како помош за домаќинствата од страна на општината. (УНДП, 2023).
Мерката има двојна функција: намалување на внатрешно и надворешно загадување. Сиромашната популација на ниво на индивидуа и домаќинство се јавува и како најголем емитер а воедно и како најзагрозена категорија граѓани од внатрешно и надворешно загадување. Енергетската сиромаштија директно се таргетира преку оваа мерка како додадена вредност на
истата.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1
Решение на општината за висина на субвенција за оваа мерка. Висината на субвенцијата да зависи од категоријата ранливост. Поранливите домаќинства (со пониски примања) да имаат повисока субвенција.
Чекор 2
Дефинирање на параметри за избор на домаќинство (приходи, социјален статус, број на членови во домаќинство итн.). Воведување категорија ранливост во параметрите за дефинирање на домаќинства кои може да бидат корисници на овие субвенции – пример: самохрани родители, повеќечлени семејства со ниски приходи, едночлено семејство на возраст 55+ со ниски приходи, жртви на семејно насилство, итн.). Општинската комисија ќе ги одреди параметрите за дефинирање на ранливо
домаќинство согласно структурата на население во нејзината општина.
Чекор 3
Објавување на конкурс за субвенционирање и оформување на општинска комисија за избор. Зголемување на видливоста и транспарентноста на Конкурсот и обезбедена поддршка за ранливи категории граѓани за упатување за прибирање и подготовка на бараната документација за апликација.
Чекор 4 Анализа и избор на пријавени домаќинства согласно бараните параметри. Собирање полово поделени податоци на апликанти и добитници на субвенции.
Чекор 5 Индикатори за мерење: Aнкета на потрошувачка на енергија пред и после доделување на субвенција.

Цел
15123 домаќинства
Индикатори за следење на имплементацијата

- број на домаќинства кои добиле субвенција

- % на жени добитници на субвенција

- % на лица над 55 години добитници на субвенции

- % на социјално ранливи категории добитници на субвенција

Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Куманово - Одделение за заштита на животната средина
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
15.000 ден. за нов приклучок 226.875.000 денари за сите 15123 домаќинства