Субвенции за домаќинства за замена на стари и неефикасни грејни тела со фотoволтаици и топлотни пумпи (и соларни колектори за топла вода)
67%
септември 13, 2022
4.5/5 - 2 гласови
Тип
Субвенција
Сектор
Енергетика
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
PM10PM2.5
Одговорна институција за спроведување
Град СкопјеОпштини во Скопски регион

Во изминатите неколку години се доделија субвенции на голем број на домаќинства да се греат на инвертери наместо на дрва. Но со енергетската криза цената на струјата галопирачки се зголемува и покрај мерките кои Владата ги превзема, па затоа граѓаните се чувствуваат “измамени”. Се зголеми од 4 на 6kW капацитетот на фотоволтаици кој домаќинствата можат да го инсталираат на крововите, но процедурите се сложени. Голем број на домаќинства немаат изолирани домови. Затоа е потребно досегашните субвенции да се ревидираат за да овозможат инсталирање само на фотоволтаици или комбинација на фотоволтаик и топлотна пумпа заедно. Иако  соларните термални колекторски системи немаат директна врска со квалитетот на воздух, имаат во намалување на потрошувачката на енергија и во оптимално искористување на површината крововите на објектите и во оптимизање на трошоците за нивно проектирање заедно со фотоволтаиците (“на еден трошок”).



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори
  • дефинирање на новата субвенција (услови, критериуми и сл.);
  • воспоставување на формална соработка со енергетски контролори, кои ќе направат контрола на секој објект кој аплицира, со цел да се потврди дека кровот е добро изолиран;
  • олеснување на постапката за инсталирање на фотоволтаици на крововите на домаќинствата;
  • дополнително, субвенцијата може да се обмисли да опфаќа и соларен термален колекторски систем за топла водаво комбинација со фотоволаичниот систем со цел да се оптимизира искористеноста на површината на кровот;
  • воспоставување на база на податоци за домаќинствата кои добиле субвенција, со цел подетална понатамошна анализа на податоците и потенцијално ревидирање на субвенцијата.
Цел
најмалку 30MW фотоволтаици инсталирани
Индикатори за следење на имплементацијата
  • број на домаќинства кои добиле субвенција, разделен по општина и род на апликантот;
  • инсталирани kW на крововите на домаќинствата.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
  • помала потрошувачка на електрична енергија од дистрибутивната мрежа;
  • помали сметки на домаќинствата за електрична енергија;
  • информација за производство на електрична енергија од обновливи извори во Скопскиот регион.
Период на имплементација
Финансии
Буџет
1,300,000,000 денари