Градиме без прашина – воспоставување на јавна платформа на градежни локации во Скопскиот регион
0%
септември 13, 2022
3/5 - 1 гласови
Тип
Техничка
Сектор
Градежништво
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
PM10PM2.5
Одговорна институција за спроведување
Град СкопјеОпштини во Скопски регион

Скопје е градежна зона. Лете/зиме, дење/ноќе се градат куќи, згради, трговски центри, се реновираат/градат улици. Нема доволно контрола на објектите дали се исполнуваат мерките за намалување на градежната прашина (миење на тркалата на возилата пред тие да го напуштат градилиштето или локацијата каде се врши градење/уривање, покривање на отворените камиони кои носат градежни материјали и сл.) ниту пак брза и ефикасна реконструкција на улиците кои со месеци се извор на прашина. И додека за секоја градежна работа има надзор, кој прави надзор на мерките за воздух од градежните локации? За таа цел, потребно е да се воспостави ефикасен механизам за евиденција на сите локации на кои се вршат градежни работи и контрола на нивната работа во однос на емитувањето на големи количества прашина во воздухот.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • воспоставени мерки за намалување на градежната прашина.
Планирани чекори
  • “дали градежната парцела го исполнува условот 20% од површината да е зеленило” да биде еден од основните услови да се добие градежна дозвола и објектот да може да се пушти во употреба;
  • изработка на заеднички регистар на градежни локации за целиот Скопски регион и за објекти и за улици кои се градат/реконструираат и негово редовно одржување;
  • соработка со научната и стручната заедница со цел воспоставување стандарди за складирање на шутот на градежната локација со помалку прашина, воведување на систем за одложување на отпадот од градежните објекти и организирање на обуки за градежните фирми како да се намалат емисиите на честички при градежни активности;
  • редовни контроли на инсталациите;
  • воспоставување на едноставен механизам за овозможување на граѓаните да праќаат претставки за неприменување на мерките;
  • чистење на улиците или нивно миење со техничка вода.
Цел
Намалување на емисиите на честички за најмалку 70%
Индикатори за следење на имплементацијата
  • изработен регистар на градежни локации за целиот Скопски регион;
  • концентрација на емисии на честички во летниот период (µg/m3);
  • број на локации на кои се применуваат мерките за намалување на емисии од честички;
  • број на организирани обуки за градежните фирми и број на учесници расчленет по род.
Одговорна институција за следење на имплементација
Инспекторат на Град Скопје
Дополнителни придобивки
  • подобрување на здравјето на жителите.
Период на имплементација
Финансии
Буџет