Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Скопје е градежна зона. Лете/зиме, дење/ноќе се градат куќи, згради, трговски центри, се реновираат/градат улици. Нема доволно контрола на објектите дали се исполнуваат мерките за намалување на градежната прашина (миење на возилата, покривање на отворените камиони кои носат градежни материјали и сл.) ниту пак брза и ефикасна реконструкција на улиците кои со месеци се извор на прашина. И додека за секоја градежна работа има надзор, кој прави надзор на мерките за воздух од градежните локации? За таа цел, потребно е да се воспостави ефикасен механизам за евиденција на сите локации на кои се вршат градежни работи и контрола на нивната работа во однос на емитувањето на големи количества прашина во воздухот.
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
Планирани чекори
- воведување на задолжителни мерки за контрола на фугитивните емисии при градба (миење на гумите на возилата, прскање со вода и/или адитиви на нарушните површини, системи за контрола на фугитивни емисии со магла).
- редовна контрола на градежните објекти дали се применуваат мерките за помалку емисии на минерална прашина.
Цел
најмалку 500 контроли на градежни локации
Индикатори за следење на имплементацијата
- број на инспекциски надзори на градежни локации;
- број на недостатоци при инспекциски надзори
Одговорна институција за следење на имплементација
Инспекторат на Град Скопје
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
Финансии
Буџет
200,000 денари