Систем за бесплатно собирање на земјоделски/градинарски органски отпад и негово компостирање
0%
септември 12, 2022
Оцени ја мерката
Тип
Субвенција
Сектор
Земјоделие
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
PM10PM2.5
Одговорна институција за спроведување
Град Скопје

Оваа мерка претставува продолжување на добрата практика на Град Скопје за намалување на палење на стрништата и земјоделските/градинарски отпадоци. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на земјоделски/градинарски органски отпад. Отпадот се превзема бесплатно и се компостира (пр. во соработка со Мама Органа).



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
  • процедурата за собирање органски отпад е веќе поставена во 2020 год. Досега се собрани 700 m3 органски отпад;
  • дополнителна мотивација за секој што ќе ја искористи оваа мерка: во сезоната на садење ќе добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми даден отпад.
Планирани чекори
  • во општина Карпош планирано е да се отвори првата градска компостара во 2022 година, во соработка со социјалното претпријатие Мама Органа;
  • да се воспостави процедура за депонирање на собраниот отпад во компостара;
  • да се продолжи со реализација на мерката.
Цел
најмалку 5000m3 органски отпад подигнати
Индикатори за следење на имплементацијата
  • m3 подигнат органски отпад
  • кг компост произведен/поделен на земјоделците
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
  • елиминирање на палењето на нивите и стрништата;
  • се зачувува плодноста на почвата;
  • се спречува ширење на евентуални пожари од палење на земјоделски отпад/стрништа, кои предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.
Период на имплементација
Финансии
Буџет