Во 2015 година, 1 во 6 смртни случаи во светот била предизвикана од лош квалитет на воздухот, небезбедна вода и отровни хемиски загадувања. Оваа негативна статистика продолжува и во годините потоа. Во 2019та година убива повеќе луѓе од војни, тероризам, сообраќајни несреќи, маларија, дрога и алкохол.
Нови истражувања, објавени во Лансет, покажуваат дека загадувањето продолжува да е огромен проблем во светски рамки. Повеќе од 90% смртните случаи се во земјите со низок или среден развој.
„Не гледаме многу големи повици за помош околу загадувањет, иако, јасно е дека 9 милиони смртни случаи годишно е огромен проблем“, вели Ричард Фулер, главен автор во истражувањето.
Анализата од 2019 година вели дека загадувањето на воздухот е причина за прерана смрт на 6.7 милиони луѓе, загадувањето на водата е причина за смрт на 1.4 милиони луѓе, додека труење со олово е причина за близу милион жртви.
Истражувањето на Фулер е продолжение на овие истражувања кои веќе прават база на податоци за опасноста од загадувањето. Речиси во сите анализи загадувањето на воздухот се наведува како клучна.
Истражувачите велат дека загадувањето пораснало за 7 проценти од2015 до 2019. Од 2000 загадувањето пораснало за неверојатни 66%.