Помага ли Ковид заштитната маска против загадениот воздух од пожарите?
септември 24, 2021

Пожарите што ова лето ја зафатија нашата држава предизвикаа огромни проблеми за населението во смисла на уништена шума и имот, но во исто време предизвикаа одредено загадување и на воздухот.  Пожари има низ целиот Балкан, и низ Европа. Ова влијае на квалитетот на воздухот, а дел од оние кои учествуваа во гаснењето на пожарите видовме дека носат заштитни маски, исти како они за заштита од Ковид 19.


Air_quality

Чадот кој го испуштаат огновите носи одредени здравствени ризици. Оние кои директно се изложени на чадот можат да пројават лесна иритација на очите и грлото, но подолго изложување на подолг рок може да предизвика сериозни респираторни проблеми. Научниците велат дека подолга изложеност на една заедница на чад од шумски пожар може да предизвика Астма, ХОБС, да ја влоши состојбата на Пневмонија или акутен Бронхитис. Истражувања кои се објавени неодамна од страна на Центарот за контрола на болести во САД укажуваат на тоа дека оние кои минатата година биле изложени на чад од пожар годинава имаат поголеми проблеми при Ковид 19 инфекциите.  

Истражувањата покажуваат дека заштитните маски можат да помогнат во превенција од штетното влијание на чадот од пожар слично како што може да не заштити од Ковид 19.

Бидејќи најголем дел од штетните честички се П.М. 2.5 поголем дел од маските нема да помогнат многу, но маските со сертификат Н95 или КН95 нудат значителна заштита. Една од подобрите заштити од штетноста на чадот е помалата изложеност. Центарот за контрола на болести има објавено на својот вебсајт неколку препораки за заштита на сопственото здравје во време на пожари.

polluted-air

Според последните податоци на мерните станици низ државата воздухот во Северна Македонија е во границите на дозволеното. Со оглед на тоа дека пожарите во најголем дел се локализирани сега не се забележува поголемо загадување. Загадување на воздухот сепак се гледа на места на Балканот и во Европа каде се уште има активни силни пожари.

 

Извори:

 

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат