
Скопје постојано е во топ 10 најзагадени градови на глобално ниво.
Граѓаните протестираат и бараат итни мерки, затоа што веќе неколку години, експертската јавност и еколошките организации ги детектираат истите причинители на аерозагадувањето, меѓу кои предничат домаќинствата, бидејќи само во Скопје има 70.000 оџаци, додека оптималната бројка е 10.000 оџаци за да има драстично намалување на загаденоста.
– Advertisements –
Притоа, во Македонија има изум на група професори со кој може да се растера магла и кој би можел да помогне при справувањето со аерозагадувањето.
Универзитетскиот професор Владо Спиридонов посочува и некои иновативни решенија, како на пример современ систем за прогноза и најава за квалитетот на воздухот, врз основа на кој би се носеле одредени превентивни мерки.
Според него, може да примениме и некои од решенијата од светските мегаградови, како што е создавање зелен коридор во горниот тек на реката Вардар и Лепенец, при што би се воспоставил воздушен тунел каде што би се канализирало струењето.
Наместо дел од тоа да се примени во пракса, владата и надлежните реагираат со краткорочни мерки.
Прочитај за целата новинарска сторија тука.