Општината Струга располага со земјоделско обработливо земјиште со големина од 10180 [ha] обработлива површина на кое се произведуваат 254,5 t растителен отпад. Голем дел од генерираниот отпад од ова земјиште најчесто се пали (горење на стрништа) и предизвикува големо аерозагадување. Носители на индивидуални земјоделски стопанства во 90% се мажи во 10% жени (на национално ниво), а жените се подоминантни како членови на домаќинствата ангажирани на индивидуалните земјоделски стопанства со 64.5% (2016 ДЗС Т29). Тоа покажува дека процесот на одлучување е концентриран кај носителите односно мажите, при што информативните стратегии за оваа мерка треба да бидат концентрирани кај истите
Чекор 1
Анализа на бројот и мапирање на земјоделски површини со земјоделски/градинарски отпад во општината. Мапирање поделено по пол и по категорија економски статус (носител на индивидуално земјоделско стопанство и висина на приход од истото). Процентот на застапеност на жените како носители на земјоделски стопанства да биде рефлектиран во мерката, односно дел од таргетираните земјоделски стопанства опфатени со оваа мерка да бидат во сопственост на жени. Земјоделските стопанства со
пониски приходи да бидат таргетирани како ранливи (пониски приходи) заради неможноста сами да го решаваат проблемот со отпадот.
Чекор 2 Обезбедување на товарно возило (со опрема за балирање).
Чекор 3 Обезбедување на локација и опрема за компостара.
Чекор 4 Кампања насочена кон земјоделците за предавање на отпадот. Информативна кампања за подигнување на свеста за штетноста од загадениот амбиентен воздух како последица од горењето на отворено (со особен акцент помеѓу носителите на индивидуалните земјоделски стопанства и управители на деловни субјекти во стопанството).
Чекор 5 Преземање на отпадот и носење во компостара
Чекор 6 Индикатори: Анкета и мапирање на сите корисници на мерката и соодветни количини на предаден отпад при што како мотивација ќе им се обезбеди определена количина на органско ѓубриво. Пожелно е да постојат полово поделени податоци на носителите на земјоделски стопанства корисници на мерката.
- број на земјоделци од кои е преземен растителен отпад
- преземен растителен отпад во [t]
- % на жени добитници на субвенција
- Возрасна категоризација на добитници на субвенции
- Категоризација на добитници на субвенции според висина на приход
- број на земјоделци од кои е преземен растителен отпад
- преземен растителен отпад во [t]
- % на жени добитници на субвенција
- Возрасна категоризација на добитници на субвенции
- Категоризација на добитници на субвенции според висина на приход.