Дрвjата се нашата врска со природата, го прочистуваат воздухот, обезбедуваат ладовина, ја хранат почвата.
По повод „Меѓународниот ден за чист воздух и сино небо“, Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, заедно со министерката за енергија, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска, и претставникот на УНХЦР, Габриел Гуалано де Годоj, засадивме ново дрво во дворот, симболично, на местото на стариот орев што го совладаа годините.
🌳Засадивме Тиса (Taxus baccata) бидејќи го прочистува воздухот и помага за справување со респираторни проблеми предизвикани од загаден воздух.
✅ Сите да надоместиме исечени дрва. Овој септември засадете и вие, за подобар воздух за сите.
✅ Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.
✅ Проектот е дел од Рамковна програма финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти.“
Превземено од УНДП