Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го имплементира УНДП со финансиска поддршка на Шведска, лабораторијата АМБИКОН при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип спроведе серија истражувања кои детално ги анализираат изворите на загадувањето на воздухот во овие општини.
Истражувањата содржат научни податоци за главните извори на загадување на воздухот, временската распределба на честичките и нивните концентрации, како и препораки за подобрување на состојбата.
Клучни согледувања од истражувањата:
- Изворите на загадување: Главните извори вклучуваат согорување биомаса, сообраќај, согорување мазут и нафта, огнови на отворено и палење на отпад, минерална прашина и секундарни аеросоли.
- Влијание на сезоните: Во зимските месеци согорувањето биомаса доминира како главен извор, додека во лето, сообраќајот значајно го зголемува својот придонес.
- Локални специфики: Секоја општина има уникатни карактеристики во однос на изворите на загадување, кои се детално презентирани во извештаите.
Овие извештаи се клучен инструмент за разбирање на локалните проблеми и за изработка на ефективни стратегии за намалување на загадувањето на воздухот.
Преземање на извештаите
Секој од извештаите е достапен за симнување преку линковите подолу:
- Извештај за Струмица
- Извештај за Гостивар
- Извештај за Кавадарци
- Извештај за Куманово
- Извештај за Струга
Преземање на инфографиците
Дополнително, кратки инфографици се достапни за симнување преку линковите подолу:
- Инфографик за Струмица
- Инфографик за Гостивар
- Инфографик за Кавадарци
- Инфографик за Куманово
- Инфографик за Струга
Преку овие истражувања, УНДП и партнерите се надеваат дека ќе ги поттикнат националните и локалните власти, локалните заедници и институции, компаниите и сите останати, да преземат активности за подобрување на квалитетот на воздухот, а со тоа и на здравјето на граѓаните и генерално на квалитетот на живеење.
Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Проектот го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.
Во рамки на Програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.