Завршена е едногодишната програма за мониторинг на воздухот во пет пилот-општини: Кавадарци, Струмица, Куманово, Гостивар и Струга.
Нацрт-резултатите ги презентираше проф. д-р Дејан Мираковски од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, а конечните резултати ќе ѝ бидат претставени на јавноста наесен. Презентацијата на резултатите пред партнерите и вклучените во проектот беше претставена неодамна на УГД во Штип.
Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, финансиран од Шведска, Embassy of Sweden in Skopje, во партнерство со Министерството за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH и петте општини, кои се поддржани од проект за откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување и правилно планирање мерки за решавање на проблемите, како и спроведување активности за нивно ублажување.