Македонските власти тврдат дека 45 % од аерозагадувањето во главниот град Скопје доаѓа од домаќинствата. Преку документарецот „Пази! Видлив воздух“ го пренесуваме гласот на невработени лица, невидливи за државата, кои живеат во импровизирани живеалишта во централниот дел од Скопје и на минусни температури се принудени да се греат на отпад. Покрај лакирано дрво, овие луѓе горат врати, палети, пластика, алишта и обувки за да ги згреат своите домови. Во едно од тие живеалишта измеривме дека живеењето во таква средина е екстремно опасно.
Поради аерозагадувањето, според податоците на Европската агенција за животна средина објавени лани во ноември, 5 580 македонски граѓани го загубиле животот во 2021 година. Загадувањето на воздухот доаѓа и од горењето влажни дрва, од старите возила увезени од ЕУ и од индустријата. Меѓу 2013 и 2023 година во земјата се увезени 340 300 користени возила: автомобили, камиони и автобуси.
Погледнете го документарниот филм „Пази! Видлив воздух“. Овој текст и документарниот филм „Пази! Видлив воздух“ беа развиени со поддршка на Journalismfund Europe, оригинално објавени на следниот линк.
Автори на документарниот филм се: Александар Методијев и Сузана Мицева.