Доделени новинарските награди од конкурсот на тема „Справување со загадувањето на воздухот“
февруари 5, 2024

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги додели наградите од конкурсот на тема „Справување со загадувањето на воздухот во Република Северна Македонија“ за 2023 година, распишан во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  во соработка со Амбасадата на Шведска.

Листа на наградени:

  1. Катерина Топалова – „Тешка зима“, изработен од пет прилози во низа
  2. Ангела Петровска„Земја без решение за чист воздух“
  3. Тони Михаилов и Игор Стојанов – Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност

Пофалници добија:

За наградите одлучи Комисијата во состав: Мира Костиќ, Елида Зулбеари и Весна Микиќ.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, рече дека новинарите преку својата макотрпна истражувачка работа дале посебен придонес кон проблемот со загаденоста кој, рече, со години нѐ засега сите, и посочи дека од година во година расте интересот на новинарите за истражување на оваа тема.

Сведоци сме на зголемување на процентите на загаденост, свесни сме сите за последиците, но секоја информација и нова содржина плус, секој критички осврт кон овој проблем повеќе, ќе нѐ прави нас повеќе будни и како општество и како целина, и уште повеќе, ќе ги повикуваме институциите на одговорност, рече Чадиковски.

Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Грегоријан, рече дека партнерството со ЗНМ за јакнење на свеста за овој проблем е од голема важност.

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат