Емисијата на прашина на улиците и површината на тротоарите, како и од дворовите (ресуспензија) може да биде значителен локален извор на емисии, иако влијанието на секоја локација може да биде привремено. Чистењето на улиците може да се подобри чекор по чекор со примена на модерни техники за чистење, како што е технологијата со мокра сол, колектори за прашина со вода под висок притисок итн. Потребна е нова опрема за чистење на улиците во општините, каде во моментов не се користат машини за оваа намена.
Локално и при суви периоди ефектите може да бидат и поголеми, а на регионално ниво ефектите се мали.Може да го подобри изгледот на градот
Оваа мерка главно повлекува трошоци за усогласување со мерката, од аспект на инвестирање во модерна технологија и опрема за чистење на улиците, како и одреден број работници. Мора да се набави нова опрема, односно камиони за оние општини каде во моментов не се користат никакви машини. Исто така чистачите треба да се обучат за да можат да ја користат новата технологија и опрема, за што може да се јави потреба од најмување обучувачи во текот на одреден временски период. Проширувањето на програмата за чистење на улиците веројатно ќе отвори потреба од вработување дополнителен број чистачи. Постојат и одредени мали административни трошоци за организација на проширувањето на програмата за чистење, па веројатно ќе биде потребен и дополнителен персонал во администрацијата на Градот. Целокупните трошоци може да се пресметаат врз основа на податоците за потребната дополнителна опрема, персонал и програмата за обуки.