Доколку градските власти ја усвојат оваа мерка, истата главно генерира мали административни трошоци за прилагодување на урбанистичките планови за да се овозможи потенцијалното идно проширување на мрежата за централно парно греење во соработка со компаниите кои испорачуваат топлина. Ова вклучува обезбедување услови во урбанистичките планови за инсталација на потребната мрежна инфраструктура под земја, со цел куќите да се приклучат на мрежата. За оваа намена не е потребно вработување дополнителен персонал во Струмица
Централното парно греење претставува ефикасен начин за испорачување топлинска енергија во областите со новоизградени станбени објекти, преку употреба на горива и техники со ниски емисии. Мрежата за централно парно греење може да се прошири во областите со новоизградени објекти, доколку тоа се земе предвид при урбанистичкото планирање на градот.