Светот е полн со опасности кои демнат во природата, од вулкани до поплави и бури, но од сите опасните зони на Земјата кои се најсмртоносните? На кои места на планетата е најзагрозен човечкиот живот?
Image by ArtPhoto_studio on Freepik
Вода
Дури 71 отсто од цунамите се случуваат во Тихиот Океан. Најопасното цунами во поновата историја се случи во 2004 година по земјотресот што го погоди брегот на Суматра во Индонезија. Тоа цунами однесе околу 280.000 животи од 15 различни земји. Иако податоците за бројот на загинатите се исклучително високи, ќе ве изненади фактот што уште повеќе луѓе ги загубија животите во поплавите на реките. , пишува Би-Би-Си.
Воздух
Кејп Денисон на Антарктикот е најветровитото место на Земјата, а сезонските бури предизвикуваат хаос во населените области. Најсилните бури се наоѓаат околу топлите океани северно и јужно од екваторот. Овде ветровите се засилуваат со промената на притисокот и тоа доведува до ротирачкиот Кориолисов ефект кој предизвикува урагани, циклони и тајфуни. Кога станува збор за вакви бури, Хаити важи за најзагрозениот остров на Карибите.
Земја
Ако има нешто што ги поврзува најсмртоносните дестинации во светот, тоа е тектонската активност. Земјината кора се состои од подвижни плочи кои се движат, а потенцијалната енергија што се создава меѓу нив поминува низ копнените пукнатини и произведува сеизмички бран кој ја тресе површината на земјата со силни земјотреси.
Осум од десетте вулкански најзагрозени градови во светот се наоѓаат на Филипините. Најсмртоносниот земјотрес е регистриран во 1556 година во Шанкси (Кина), а проценетата бројка на жртви е надv 800.000.
Оган
Тектонските движења создаваат вулканска активност. Повеќе од 200.000 луѓе загинале како резултат на вулкански ерупции во последните 400 години.
Вулканот Тамбора, на островот Сумбава, Индонезија, убил 70.000 луѓе во 1815 година. Ерупцијата предизвикала климатски аномалии во 1816 година, поради што таа година била наречена година без лето. Тоа беше една од најголемите вулкански ерупции во поновата историја. Променетата клима доведе до глад и појава на разни болести кои однесоа човечки животи.
Во 2010 година, вулканот Мерапи предизвикал смрт на околу 350 луѓе, но десетици илјади луѓе беа спасени со навремена евакуација.